Три лица тешко повредени во сообраќајка во Драчево

0
52

Со тешки телесни повреди се здобиле три лица во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу пладне во скопската населба Драчево.

Полицијата соопшти дека во сударот учествувале две возила.

-На 01.12.2020 во 14.20 часот било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Дачиа сандеро”, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „Пежо”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје, со која бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје – информираат од МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Дачиа сандеро” А.Б.(60), а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49) и пешакот М.С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.