Три пожари во гостиварско, во последново деноноќие

0
44

Изминатото деноноќие во гостиварскиот регион регистрирани се три пожари. Од непознати причини огнот причинил штети на една куќа во Гостивар, помошна просторија во селото Врбен и шума во атарот на селото Дебреше. Нема повредени лица во опожарувањата.

– Синоќа, нешто по 8 часот пријавен е пожар кој настанал во потпокривот од куќа на улица „Драге Тодоровски“ во Гостивар, сопственост на Н. С. (57) од Гостивар. Со интервенција на ТППЕ Гостивар пожарот е локализиран, а увид денеска извршила екипа од ОВР Гостивар. Во пожарот, причинета е само материјална штета. Доцна синоќа во СВР Тетово пријавен е шумски пожар во атарот на гостиварското село Дебреше на површина од над половина хектар., изјави за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Попладнето е регистриран и пожар во помошен објект во гостиварското село Врбен, во кој живеел С. Ж. (84). Интервенцијата на мештаните и пожарникарите спречила проширување на плевната која се наоѓала до објектот

Чадот од местото на пожарот на Шар Планина и утрово се гледаше, а од СВР Тетово потврдуваат дека огнот не е изгаснат и дека се преземаат мерки за локализирање на пожарот. На шумскиот пожар реагираа и граѓаните преку социјалните мрежи предупредувајќи на проширување и поголеми штети во подножјето на Шар Планина.

Од СВР Тетово упатија апел за поголема внимателност при употребата на грејни тела и пред сé кога се пали оган. Неповолната хидролошка состојба, значително го зголемуваат ризикот од појава на пожари на отворено.