Триесетдневен притвор за крушевчанецот кој од банка украде над милион денари

0
68

Прилепското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Крушево, поради сомнение дека сторил кривичното дело разбојништво.

Осомничениот на 19 август, околу 15:00 часот, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во експозитурата на „Уни банка“ во Крушево каде што го извршил кривичното дело.

Со употреба на сила и закана со огнено оружје, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде што биле сефовите од банката и одзел парични средства во вкупен износ од 1.330.000 денари.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднел предлог за притвор за осомничениот. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му е определен притвор во траење до 30 дена.