„Трофејот е за Рејес, Пуерта и за оние што не се со нас“

0
56

Шпанскиот тренер Хулен Лопетеги трофејот во Лига Европа им го посветил на прерано починатите Антонио Пуерта и Хозе Антонио Рејес.

Севилја синоќа во Келн во драматичното финале го победи Интер со 3:2 и по шести пат го крена пехарот во ова натпреварување.

„Овој трофеј е за Хозе Антонио Рејес, Антонио Пуерта и за сите оние кои не се со нас“, рекол Лопетеги и дополнил.

„Оваа екипа е сјајна. Веруваат едни во други. И да не победевме ќе имав само пофални зборови за нив. Секогаш верувавме, овој тим никогаш не се предава. Многу работевме, го заслуживме трофејот“.