Тројца тешко повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

361

На магистралниот пат Кичево – Охрид вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу три возила.

Во несреќата тешки повреди добиле возачот и двајца сопатници на едното возило – „бмв“, сите од Тетово. Тие биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.