Тухел: Очекував повеќе од моите играчи

0
132

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, рекол дека очекувал подобро издание на тимот на мечот со Барнсли, во ФА купот. Челси беше на големи маки со членот на Чемпионшип дивизијата. Мечот го реши голот на Ејбрахам, а истиот играч во 78.минута, на гол-линијата не дозволи противникот да постигне гол.

„Постигнавме гол, а цело време имав чувство дека тие преземаат повеќе ризик. Не бевме доволно храбри. Јасно е дека можеме да играме подобро, очекував повеќе од мојот тим. Сепак не сум фрустриран, не сакам да бидам премногу остар кон фудбалерите“, рекол Тухел.

Челси, во четврт-финалето во ФА купот, ќе игра против Шефилд јунајтед.