Уапсен еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ

0
289

Еден од најбараните бегалци на списокот на американскиот ФБИ, Јасер Абдел Саид е уапсен, јави Си-ен-ен.

Тој беше ставен на списокот на ФБИ во декември 2014 година за убиството на неговите две ќерки – 18-годишната Амина и 17-годишната Сара во 2008 година.

На новогодишната ноќ 2008 година, Саид ги повел своите ќерки на такси-возење.Неколку часа подоцна, нивните тела со рани од куршуми биле пронајдени во напуштено такси. Пред да умре, Сара успеала да упати краток повик за помош. Сепак, додека полицијата го лоцирала таксито и пристигнала, двете сестри биле мртви, а Саид исчезнал со пиштолот и сите пари што ги имал заштедено.