Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

0
322

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени локации во градот, а сторителот е фатен, јавува „А1он“.

„Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улицата Иво Рибар Лола и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција, пожарите се локализирани и изгаснати“, изјави Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местата на опожарените возила изврши тетовската полиција.

„На улица Ленин во врска со кривично дело предизвикување општа опасност од слобода е лишено лицето К. О. (43) од Тетово. Тоа е задржано во полициска станица за натамошна постапка“, велат од МВР