Полицијата вчера привела три лица осомничени дека пред два месеца го запалиле возилото на поранешниот скопски граодначалник Петре Шилегов.
-На 27.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б., и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 09.03.2022 на ул.„Петре Пирузе“ во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5″, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот биле зафатени три други возила – „фолксваген пасат”, „нисан” и „даеву матиз”, сите сопственост на Д.М.(53), соопшти денеска МВР.
До Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик