Уапсено лице со фалсификувани евра

0
50

Едно лице е уапсено вчера откако кај него биле пронајдени фалсификувани евра, соопшти полицијата.

-На 26.11.2020, полициски службеници од Полициската станица Аеродром, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, го лишиле од слобода М.Ф. од Кратово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени  две банкноти од по 500 евра, се наведува во соопштението.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.