Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

395

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом.

Според информациите на полицијата, зад убиството стојат две лица, а мажот бил застрелан пред сопругата.

Напаѓачите носеле маски и биле воорружени. Од МВР велат дека тие барале пари, но кога мажот им кажал дека нема, едното лице пукало кон него.

Двајцата избегале по убиството.