Укината забраната за камиони на Стража

0
25

АМСМ информира дека се укинати забраните за камиони на Стража, на планинскиот превој „Барбарос“, на патниот правец Струга-ГП Ќафасан, на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патот Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

На патниот правец Р2248 помеѓу село Ранковце и село Герман поради обилни врнежи на снег е воведена забрана за сите видови моторни возила.

Забрана за товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, на патниот правец Тетово – П.Шапка, на патниот правец Дебар – Струга и обратно, на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата.