United Group постигна договор за преземање на најголемата бугарска компанија за весници Vestnik Telegraf

0
76

United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, денес објави дека постигна договор за преземање на Vestnik Telegraf најголемата бугарска компанија за весници од компанијата Intrust EAD.

Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините сервиси EON и Total TV.

Викторија Боклаг, извршната директорка на United Grоup, рече: „Возбудени сме што можеме да го објавивме овој договор. Бугарија е атрактивен пазар за United Grоup и со Телеграф во таа земја го надополнуваме нашето медиумско портфолио со печатени медиуми. Со Telegraf во рамките на United Grоup, ќе можеме да им понудиме на нашите клиенти во Бугарија цела низа услуги и медиумски содржини. Гледаме можност дополнително да ги подобриме сите изданија на Телеграф и да се ориентираме на дигиталното работење со цел дополнително да го зајакнеме на нашето дигитално портфолио во Бугарија.

Vestnik Telegraf EOOD управува со неколку брендови:

– Telegraf – најтиражен дневен весник во земјата

– Monitor – политички и економски дневен весник

– Match Telegraf – водечки спортски весник

– Politika- политички и економски неделник

– Europost – неделник на англиски јазик

– Borba – регионален дневен весник

 

Telegraf, Monitor, Politika, Europost и Borba исто така нудат дигитални содржини преку своите портали.Трансакцијата се очекува да заврши во текот на првиот квартал на 2021 година, по вообичаените регулаторни одобренија.United Group влезе на бугарскиот пазар во 2019 година, кога го доби тендерот за купување на компанијата VIVACOM, водечкиот телекомуникациски оператор во Бугарија. После тоа, во јануари 2021 година, следеше аквизиција на Nova Broadcasting Group, најголемата бугарска мулти-платформска медиумска компанија.Во рамки на United Group работат водечките телекомуникациски оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во Југоисточна Европа.

За United Group:

United Group, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. На крајот на 2020 година, компанијата работи во осум земји и има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени. United Group има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ содржини од целиот свет. Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумски содржини и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, United Group е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.

За повеќе информации, посетете ги https://united.group и http://www.unitedmedia.net