Валчак го однесе Вардар на Ф4 во СЕХА лигата

0
312

Ракометарите на Вардар само поради поголемиот број на постигнати голови на гостински терен ќе играат н завршниот турнир во СЕХА лигата. Вечерва во „Јане Сандански“ Нексе го победи Вардар со 26:25 (13:13), а црвено-црните ќе играат на турнирот во Задар поради победата од 31:30 во првиот меч.

Вардар се мачеше во текот на целиот меч, а пресуден за пласман на завршниот турнир беше голот на полскиот пикер Валчак постигнат на шест секунди до крајот на мечот.

Дуелот во Скопје беше израмнет во секој поглед, Вардар само еднаш во 35 минута имаше два гола предност (16:14). Потоа следуваше период од седум минути во кој тимовите не постигнаа гол, па серијата на Нексе од 1:5 во периодот од 52 до 55 минута кога хрватскиот тим ја достигна максималната предност од четири гола (20:24).

Вардар фати приклучок со головите на Јагуриновски, Гаџа и Чупиќ за 23:24. Нексе ја имаше посакуваната разлика од два гола се до шест секунди до крајот кога Валчак постигна гол, а во наредниот напад Јагањац не беше прецизен.

Чупиќ и Дисингер со по пет гола го предводеа Вардар, кај Нексе Јагањац постигна осум, а Пешиќ пет гола.