Велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Македонски Брод

0
42

Шеесет и петгодишен велосипедит загина во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Скопје–Македонски Брод.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14.50 часот кај место викано „Бабин дол“, кога автомобил „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрило во велосипедистот С.П.(65) од Македонски Брод.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Здравствена установа Македонски Брод, каде од здобиените повреди кај него била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.