(Видео) Костовски: Мора да има истрага и одоговорност за кластерот Геријатрија Скопје

0
86

Додека триото Филипче, Спасовски, Заев прогласија победа во борбата против епидемијата со Ковид-19, во Геријатрија Скопје има нов кластер меѓу најранливата категорија на граѓани. Станува збор за дваесеттина лица заболени во оваа установа, соопшти Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ако е вистина, како што велат од Геријатрија Скопје, дека веднаш постапиле согласно протоколите за изолирање на болните од останатите пациенти, и дека воедно била спроведена епидемиолошка анкета на вработените, како тогаш се случи од две заболени лица бројката да порасне на скоро дваесеттина.

Колку за илустрација, во април во екот на короната во соседна Србија во првиот момент кога се дијагностицираше поголем број на заразени со корона во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагираше владиниот кризен штаб и ја утврди причината. Министерството за внатрешни го уапси директорот поради основан сомнеж дека извршил тешко казнено дело против здравјето на луѓето во врска со пренесувањето на заразна болест.

Многу е јасно, ако Геријатрија Скопје, веднаш постапеше според протоколите ситуацијата ќе беше поинаква. Во меѓувреме, министерот за здравство, Филипче вели корона вирусот нема граници кога е во прашање возраста, да во право е, а тоа веќе и се покажа на дело. Во Геријатрија Скопје за неколку дена има скоро дваесеттина заболени. Ова е прашање за истрага, но и за одговорност.

Веќе вчера требаше да има истрага и резултати од истата. Но, владата веќе неколку дена се обидува да го заташка случајот. Со ова само се потврдува дека победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна“ порача Костовски.