(Видео) Патентирана прва вакцина против „Ковид-19“ во Кина

369

Кинеската компанија специјализирана за вакцини „Кансино бајолоџикс“ ја патентираше првата потенцијална вакцина против „ковид-19“ наречена „Ad5-nCOV“, јавуваат државните медиуми, повикувајќи се на документи за заштита на интелектуалната сопственост.

Ова е прва патентирана вакцина во Кина, објави државниот весник „Народен дневник“, повикувајќи се на документите објавени од кинеската Национална управа за интелектуална сопственост. Патентот е потврден на 11 август.

https://youtube.com/watch?v=GFQh-IfTsWU%3Ffeature%3Doembed

Саудиска Арабија објави дека во текот на овој месец планира да ја започне третата фаза од клиничките испитувања на компанијата за вакцинирање „Кансино“. Компанијата соопшти дека исто така е во преговори со Русија, Бразил и Чиле за започнување на третата фаза на тестирање во тие земји.

Акциите на „Кансино“ на берзата во Хонгконг се зголемија за околу 14 проценти, а на берзата во Шангај за 6,6 проценти.