(Видео) Стоилковски: Ангеловска на време си ги извади парите од Еуростандард за да си купи стан

0
64

„Граѓаните не знаат како да си ги вратат заработените пари од Еуростаднард банка, која пропадна и е дел крими афера во која е вмешан врвот на власта тешка 200 милиони евра. Нина Ангеловска, како министерката за финансии наместо да се грижи за народот и економијата, на време си ги извади парите од Еуростандард за да си купи стан“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, илјадници пензионери се во неизвесност како и дали ќе земат пензии, илјадници граѓани се туркаат по банки за да отворат сметки е малтретираат оние кои што можат да отвораат нови сметки среде лето и во ек на смртоносна епидемија. Сето ова можеше да се спречи доколку Нина Ангеловска наместо за својот повеќе се грижеше за интересот на граѓаните.

„Но, што е тоа важен интересот на граѓаните?! Важно е да се извадат парите на време од банка која што пропаѓа. Наместо за граѓаните на Ангеловска поважно и било, како вели да си го реши станбеното прашање, со луксузен апартман проценет на над 100 илјади евра. Нина Ангеловска мора да одговори дали ова зад мене е зградата каде има стан за кој што ги извади парите на време од Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра?! Дали ова е зградата каде што купи стан и ги потроши парите кои што ги извади од Еуростандард, додека илјадници луѓе беа оставени да им пропаднат влоговите?

Ако тоа е точно, тоа е безочен безобразлук. Наместо за граѓаните министрите на Заев мислат само за себе. Да се трча да се обезбеди имотот на почетокот на јуни, период кога според Заев веќе имало информации за судбината на банката. Да биде уште потрагично промените на состојбите на сметката во Еуростандард, Ангеловска ги пријавува во Антикорупциска два дена откако го обелоденивме случајот. И повторно институциите играат со зборови дека тоа било само- внимавајте – неетично, но без барање одговорност!“, вели тој.

„Јас од тука ќе прашам и дали Ангеловска ја имала информацијата за да ја сподели со други блиски кои имале сметки во банката пред пропаѓање, но и следното: Ако Ангеловска ги чувала парите кои и биле за бизнис кој што наводно го ставила во мирување за време на министерувањето, зошто станбеното прашање не го решила во август лани, кога станува министер, туку во јуни годинава кога власта според Зоран Заев имале информација за состојбата и веројатната судбина на Еуростандард банката?

Не казнивоста на кадрите на Заев ги минува границите на секаква пристојност и рамки на функционирање во насока на грижа за државата и граѓаните. Доколку Ангеловска не одговори на прашањата, а институциите продолжат со своето поданичко однесување, Македонија ќе продолжи да тоне по сите параметри што значат правда и владеење на правото“, додаде Стоилковски.