Вирусот „експлодираше“ во Германија, Меркел им се обрати на граѓаните

421

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 1.510 – на 226.914, според податоциte на Институтот Роберт Кох.

Во Германија претходниот ден беа потврдени 1.390 случаи на инфекција со коронавирус.

Седум лица починаа од Ковид-19, а вкупниот број на починати е 9.243, пренесува Ројтерс.

Канцеларката Ангела Меркел ги повика граѓаните на Германија да се придржуваат кон воведените правила за борба против коронавирусот, како што се носење маски, со цел да се спречи ширењето на пандемијата.