Владина делегација оддаде почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски

0
274

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев по повод Денот на независноста оддаде почит со положување цвеќе на вечните почивалишта на починатите претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски

Премиерот Заев на положувањето цвеќе на Градските гробишта во Бутел, беше придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Мила Царовска, министерка за образование и наука и Јагода Шахпаска министерка за труд и социјална политика.

Венци со цвеќе положија и официјалните делегации на Претседателот на државата, на Собранието, на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, Сојузот на борци, претставници на политичките партии, дипломатскиот кор и на Град Скопје.

По повод 8 Септември, годинава во организација на Владата се одржува централна свеченост на платото пред зградата на Владата согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.