ВМРО-ДПМНЕ: Целиот спектакл за уривање на една дивоградба е за да се прикрие економскиот колапс

0
68

Крими-тендерашката власт на Заев со организирање спектакли со уривање на една дивоградба сака да го прикрие економскиот колапс што се случува во Македонија, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека дивоградбата кај Мавровка не требало ниту воопшто да се изгради ако биле ажурни институциите под контрола на Заев, а не сензационалистички да се руши со народни пари.

„Јасно дека овој театар им беше потребен за да прикријат дека приходите во буџетот во месец август се помали за 13,9% во однос на лани поради погубните економски политики. Наплатата на ДДВ е помала за 14,3%, акцизите се за 25%, данокот на добивка е за 28,9% и приходот од персоналниот данок е помал за 10,4%. Сето тоа говори дека економијата крахира, се намалува економската активност, вртоглаво паѓа стандардот на граѓаните и тие помалку трошат. Дополнително 40 илјади лица за само 5 месеци ја изгубиле својата работа, а 30 илјади лица од месец април навака не земаат редовно плата. Власта на Заев освен за криминали за друго не ја бива“, се наведува во соопштението.