ВМРО-ДПМНЕ: Да не крадеше СДСМ, сега со 900 милиони евра ќе се направеа автопатишта

0
42

Ковачевски ја краде иднината и на неродените – 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање на загубите на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-900 милиони евра колку што владата ќе се задолжи за овозможување на буџетска ликвидност се пари со кои можеа да се направат над 200 километри автопат. Со 900 милиони евра кои Ковачевски ги троши за покривање на својата неспособност ќе имаше автопат од Велес, преку Прилеп до Битола, и втор автопат од Гостивар до Кичево или од Штип до Струмица.

Автопат со Ковачевски нема зошто СДСМ наместо да работи крадеше и несовесно се однесуваше со буџетот, па потроши стотици милиони на матни тендери во РЕК, на тендерите на Рашковски, договорите во четири очи на Мухамед Зекири, диловите на Филипче и Дончев, бизнисите на Заеви.

Криминалот на СДСМ сега не чини сите нас, се додава во партиското соопштение.