ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата на Заев била заразена, а тој не бил во изолација

0
75

Слушаме дека цела фамилија на Зоран Заев била заразена, а не слушнавме ниту еднаш дека поради контакти со нив Заев бил во изолација или карантин, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата тоа отвора сомнеж дека тој не ги почитува протоколите и евентуално загрозувал нечие здравје или животи.

„Ете затоа Македонија е жариште во Европа и светот, бидејќи власта не само што не помага, туку е и лош пример во справувањето со епидемијата. Само во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.161 нови заразени и за жал 26 нови починати. Вкупниот број на заразени се искачи на 72.044 лица и 2077 вкупно починати. Со овие бројки Македонија е црн рекордер во Европа и регионот. Само овие 100 и кусур дена влада на Заев има речиси 1500 починати што е катастрофа. Заев, Филипче и Стојанче убедуваат дека се е под контрола, дека пикот поминал, дека нема потреба од нови мерки, а во реалноста секој ден илјадници заболуваат, а десетици умираат поради вирусот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, додаваат од таму, најдобра мерка за заштита на граѓаните ќе биде оставката на власта на чело со Заев.