ВМРО-ДПМНЕ: Филипче место за здравјето и животите на граѓаните се грижи за градежниот бизнис

0
63

„Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10%. Состојбата станува алармантно, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас.Додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, бројот на вкупно заболени од корона вирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати.

„Дополнително главниот ковид центар во државата, болницата 8-ми септември е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а останатите болници секој ден се полнат со се повеќе заболени. Во болницата Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија. Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба од министерството одговараат со мал број на тестови кои и покрај бројот покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот.

Тоа значи дека министерот за здравство станува се повеќе министер за ширење на зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки не воведува во нов ризичен период.Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните“, додаваат од партијата.