ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договориле Влада, дел од договорот за премиер да биде поранешен министер?

0
264

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги финализираат преговорите за формирање Влада, објави доцна попладнево интернет порталот на албански јазик „Лајм“ повикувајќи се на извор од ВМРО ДПМНЕ.

Според информациите на медиумот, дел од договорот меѓу Христијан Мицкоски и Али Ахмети е за премиер да биде избран поранешениот министер за одбрана, Лазе Еленовски, кој на извесен начин го исполнува барањето на интегративците за Албанец премиер. Еленовски има албанско потекло по неговата мајка.

„Лајм“ пишува дека она што преостанува е Мицкоски да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев да ја поддржи оваа владина коалиција.

Информацијата, покрај во „Лајм“ е објавен и во неколку други медиумите на албански јазик и сите наведуваат дека ваквиот договор не би предизвикал револт и кај членството на ВМРО ДПМНЕ бидејќи е јасно дека декларирањето на Еленовски како Албанец „е само за потребите на дневната политика“.