ВМРО-ДПМНЕ инсистира на уште четири викенди без ДДВ

0
40

Од ветените четири викенди без ДДВ во септември, власта работата ја сведеде на еден викенд без ДДВ со низа недостатоци, во октомври, и тоа откако ВМРО-ДПМНЕ направи притисок во јавноста, изјави Иван Јорданов, прeтставник од оваа партија.

„СДСМ немаше план да реализира викенд без ДДВ. Ја ветија мерката во септември и не ја реализираа. Потребен беше притисок од ВМРО-ДПМНЕ за да ја предвидат мерката, дури во октомври. На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, претставниците на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат амандман во кој наместо еден, ќе се дополнат уште 4 викенди, по еден во месеците ноември и декември 2020 година, како и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година“, посочи претставникот на опозициската партија, според кого на овој начин ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, а истовремено ќе се зајакнува економијата.