ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт создаде општество во кое се тепа народот

0
64

Мафијата на власт, наместо едно општество за сите, создаде општество на доминација на насилство, притисок и криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на полициското насилство врз граѓаните Роми во Битола.

„Вистината е дека Заев и Спасовски удрија по народот. Заев и Спасовски стоеја зад убедувањето дека партиската книшка на СДСМ ќе ги заштити во криминалот, а сега мафијата на власт брутално тепа. Наместо превенција, мафијата на власт ја злоупотребува полицијата и користи сила“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека мора да има одговорност од врвот на власта и оставка од Оливер Спасовски.

„Вчерашниот случај на физички напад и пречекорување на овластувањата врз граѓанин мора да биде предмет на реакција на соодветните инстанци и потоа да следуваат санкции. Полицијата мора да работи на градење доверба“, истакнуваат од партијата, од каде што изразуваат и жалење поради непрофесионалноста во дел од полициските редови.