ВМРО-ДПМНЕ: Милошоски е цел на прогон од Заев само затоа што отворено зборува за криминалите

358

„Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за реперкусии и притисоци врз сите политички неистомисленици.

„Има и други случаи каде се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството, се врши мобинг врз партиски активисти и се бркаат луѓе од работа во исто време кога се поскапува цената на струјата, пропаѓа банката ‘Еростандард’, скандал тежок 200 милиони евра, беспоговорно се краде народот.

Целта да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците, и треба да знаат дека само така си го покажуваат вистинското лице на режимот и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалци како Заев кои се претставуваат за власт. Тој кој заштитува криминалци и прави пактови со нив, како што покажува времето, е единствено Зоран Заев и неговите луѓе.Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту, пак, ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ, кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари“, се додава во соопштението.