ВМРО-ДПМНЕ: Најдобра мерка за борба против корона се оставки од Филипче и Караџовски

0
70

Филипче секој ден покажува дека може уште повеќе. Тоа го покажа пак со нов рекорд од 1085 новозаболено од корона во едно деноноќие. Со Филипче Македонија ги руши сите рекорди. Во Македонија со Филипче бројката на активни случаи е скоро 10 илјади, а бројката на починати скоро илјада лица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Од политиката на Филипче, во која приоритет се тендерите и личниот интерес и интересот на тесен круг на луѓе од партијата, резултатот е видлив. Само граѓаните и нивниото здравје што му е работа на Филипче никако да дојде на дневен ред. Уште пострашно е што секојдневно се бројат заболени деца, заболени вработени во градинки и училиштата.

Филипче воопшто не се заинтересира за здравјето на најмладата популација и оние кои се грижат за нив и за нивното образование. Зошто Филипче правеше скрининзи на празно во мај, и не ги отвори градинките. Кога на Филипче не му текнува или можеби не знае, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски како на почетокот на кризата и сега му помагаат.

Министре, правете бесплатни тестови за корона на сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата еднаш месечно. Министре ваша е грижата за здравјето ма граѓаните, а ги оставивте само на себе. Министре доста со тоа дека не се почитуваат мерките, преземете одговорност!

Најдобрата мерка за борба против корона е оставка на Филипче и првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски!“ се наведува во партиското соопштение.