ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Филипче е елементарна непогода за здравствениот систем

0
282

„Филипче нема ниту еден успех зад себе. Нема ниту нов Клинички центар кој толку многу го ветуваа. Излажаа дека ќе ја доградат и веќе започнатата Клиничка болница во Штип која во наследство им ја остави владата на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, 
Македонија е рекордер по смртноста на новороденчиња, а најголемото фијаско е што земјава е во врвот на најнеуспешни земји кои се справуваат со ковид кризата. 


„Државава е изолирана поради неспособноста на Филипче и Заев. Тоа е министерот кој лажеше дека ја вакцинирал својата внука од сипаници и чиј главен и единствен интерес се тендерите и личниот профит. Дали е свесен Филипче дека неговата неспособност преставува елементарна непогода за македонскиот здравствен систем“, соопшти партијата.