ВМРО-ДПМНЕ повика на протестен марш за Гоце Делчев

387

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук за енеска во 18.30 часот најави протестен марш кој ќе почне од Министерството за правда, ќе продолжи по мостот „Гоце Делчев” и ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.

https://www.facebook.com/watch/?v=598381227500490&extid=Tk4EKMxdQ8Zw61ca

„Ова е протест на народот, целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!“, порача Мицкоски.

Минатата недела партијата протестираше пред Регулаторната комисија за енергетика со барање да се врати старата цена на струјата.