ВМРО-ДПМНЕ: Со четвртиот пакет на мерки не се опфатени сите, нема помош за студентите и учениците

0
69

СДСМ потфрли на економско поле. Од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3. На СДСМ полесно му беше да ги потрошит парите за поткуп, отколку да им помогне на граѓаните и бизнисот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Четвртиот пакет што сега го ветуваа немаше да биде потребен доколку домаќински ги реализираа досегашните три пакети. Парите наместо кај граѓаните и бизнисите завршија кај фирмите на Нина Ангеловска и Заеви.

Дополнително со мерките не се опфатени сите. Заев не ги опфати студентите и не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од партиципација на сите студенти запишани на државните универзитети. Не се опфатени ниту учениците во основните и средните училишта.

Четвртиот пакет мерки уште еднаш покажа дека на Заев побитен му е дневниот ПР, отколку долгорочната благосостојба на граѓаните и бизнисот“, додава партијата.