ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја злоупотреби вонредната состојба за поединци дебело да се нафатираат

0
59

Пендаровски и СДСМ ја злоупотребија вонредната состојба, кога наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, владата распишуваше тендери за набавка на шкампи и школки и на ангро се штанцаа дозволи за производство на марихуанa, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ дека со гласањето против одлуките за вонредна состојба, опозициската партија ја потврдува својата деструктивност.

„Власта ја злоупотреби вонредната состојба за поединци дебело да се нафатираат. Наместо борба за здравјето на граѓаните, СДСМ се бореше за тендерите. Во ек на вонредна состојба, се доделија и половина милион евра пари за невладини, директно од влада, а се поделија во изборен период. Злоупотреба до злоупотреба. Да беа искрени во СДСМ и да им беа важни граѓаните немаше да злоупотребуваат светска несреќа за богатење на поединци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека Македонија не може понатаму со луѓе на кои партискиот и личен интерес им се пред државниот.