ВМРО-ДПМНЕ: Заев е човекот кој не исполни ниту едно ветување

0
302

Зоран Заев е човекот кој не исполни ниту едно ветување, а лагата и криминалот му се заштитен знак, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Социјалдемократите побараа Мицкоски да го исполни ветувањето и да поднесе оставка по поразот на изборите.

„Зоран Заев е човекот кому лагата и криминалот му се заштитен знак, и тој не може да зборува за ветувања. Човекот кој се колнеше и лажеше, не може да зборува за ветувања. Човекот кој буквално ниту едно ветување не исполни, нема кредибилитет да зборува. Човекот кој со раката на срцето се колнеше во децата и го менуваше Уставот, нема кредибилитет да зборува. Човекот кој кога зборува лаже. Човекот кој докажа дека може да краде уште повеќе и кој стана главен ортак и потпора на криминалците не може да му се верува.

Зоран Заев е човекот кој сто пати рече и порече. Даваше предизборни ветувања и се што направи беше спротивно од тоа.
Тврдеше дека не познава луѓе кои менаџирале судски одлуки, за подоцна да се испостави спротивното, дека не само што ги познавал, туку и примал совети од нив.

Зоран Заев е аболициран политичар, кој неколкукратно ги прекршувал законите. Зоран Заев е човек што ја донесе Македонија до дното“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.