ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја издаде Нина Ангеловска, Владата знаела за случајот со Еуростандард банка

406

Зоран Заев вчера рече дека знаел за Еуростандард банка веќе една година, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста.

Тие потсетуваат дека министерката за финансии, Нина Ангеловска, рекла оти не знаела ништо во врска со банката.

„Ова е огромен скандал и манипулација со граѓаните. Кој лаже, Заев или Нина? Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него кога директен учесник во процесот на макроекономијата е Министерството за финансии“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што сметаат дека Ангеловска ја манипулира и ја лаже јавноста.

„Нина знаела и била должна да знае во согласност со функцијата што ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека Ангеловска мора да сноси одговорност.