ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна, фирма на Вице вмешана во криминал од 200 милиони евра, земала кредити од Еуростандард банка

0
76

Зоран Заев призна, фирма на Вице Заев вмешана во криминал тежок 200 милиони евра, земала кредити од пропаднатата Еуростандард банка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот Заев негираше првин дека фирми на неговото семејство се вмешани во скандалот со Еуростандард банка, за откако почнаа са излегуваат сведоштва и докази да признаа дека се дел од 200 милионската афера. Илјадници штедачи се уште ги чекаат своите пари, животните заштеди на некои луѓе пропаднаа преку ноќ, а фирми на Заев и ним блиски луѓе земале кредити без покритие“, велат од партијата.

Заеви и ним блиски луѓе, додаваат од таму, се богателе на сметка на штедачите чии пари ги нема, затоа што завршиле како пласирани кредити без покритие.

„Ова сведоштво на Заев е скандалозно само по себе. Заев доколку имаше грам совест после пропаѓањето на банката ќе си поднесеше оставка, но тоа не се случи затоа што партискиот и политичкиот интерес на Заев му се пред државниот. Одговорност за криминалот во Еуростандард банката, како и во сите криминали во овие 100 дена влада, но и пред тоа мора да има. За да има одговоеност, треба Заев човекот кој го држи системот заробен да си замине. Оставка на Заев, слобода на народот“, се наведува во соопштението.