ВМРО-Народна: На попис да се утврдат етничките малцинства чиешто вработување би се субвенционирало

0
361

Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме Владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, велат од ВМРО-Народна партија, реагирајќи на предлогот за субвенционирање на работни места по етничка основа.

„Ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност“, велат од партијата.

Оттука порачуваат дека потребно би било да се направи и попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на Македонците е падната под 50 проценти.