ВМРО-Народна партија: Дискусијата на заедничката комисија за историски прашања добива комичен карактер

0
156

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи работата на заедничката Комисијата за историски прашања и жали што не се изнаоѓа решение кое ќе ги задоволи двете страни и затопли односите помеѓу двете држави, велат од партијата.

„Во таа насока ВМРО-Народна партија смета дека последниот проблем кој изникна од заедничката Комисија за историски прашања, а тоа е употребата на придавката „македонски“ навистина ја прави ситуацијата помалку ирационална па дури и трагикомична. Не можеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“ кога во целата бугарска историографија во последните 150 години придавката „македонски“ е максимално присутна и ја има скоро во секоја бугарска историска книга која се занимава со македонското прашање не навлегувајќи во тоа што тие подразбираат под зборот „македонски““, велат од партијата.

Дека ситуацијата оди во ирационален правец, додаваат од ВМРО-Народна партија, само ќе потсетиме дека има и такви институции кои во бугарската историографија инсистира на зборот „македонски“, а македонската пак историографија воопшто и не сака да слушне на тие места за зборот „македонски“ па еве неколку примери: Македонски врховен комитет, Македонска патриотска организација, Македонски братства, Македонски научен институт, Македонски преглед (весник), Македонско ополчение, Македонска единаесетта дивизија, Македонски културен дом.

„Ова се само неколку од многуте примери кои го потврдуваат моментот дека дискусијата веќе добива и комичен карактер ако ги иземеме секојдневните негативни емоции кои растат од ден на ден помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија. Се надеваме дека историчарите во иднина нема да создаваат нови пробелми таму каде што ги нема, а дека ќе ги решат на прифатлив начин таму кај што реално постојат“, се наведува во соопштението.