Во Албанија откриени 26 килограми чоколада со марихуана

385

Тројца луѓе се уапсени на пристаништето во Драч, во Албанија, поради обид за криумчарење на 26 килограми чоколада со марихуана, пренесувбаат албанските медиуми.

Уапсен е менаџерот и двајца возачи на автобусот, со кој чоколадата со канабис била криумчарена од Италија, пренесува „Албаниан Дејли Њуз“ и прецизира дека уапсените албански државјани се на возраст од 31, 49 и 59 години, од три града – Драч, Тирана и Пермета.

Марихуаната е запленета, а случајот е предаден на обвинителството во Драч.