Во Австрија 30 000 фирми пред раб на егзистенција

0
109

Најстрогата мерка за заклучување во Австрија донесе околу 30 000 компании на раб на егзистенција, а само трговијата ја чинеше десет милијарди евра од прометот, додека во гастрономијата и туризмот постои закана за банкрот. Продавниците низ Австрија минатата и оваа година беа затворени повеќе од 100 дена.

Според анализата на Универзитетот во Линц, тоа чинело околу десет милијарди евра нереализиран промет. Најтешко е за продавниците за облека и обувки, кои не можат да ги надоместат загубите.Три ланци на Пимки, Дресмен и Адлер веќе ги затворија своите филијали.

Продавниците за спортска опрема, од кои околу 750 специјално се однесуваат на туристичкиот бизнис, од ноември досега имаат недостиг на приход од 90 до 95 проценти. Поради епидемиолошки мерки, хотелската индустрија во Австрија губи 255 милиони евра неделно поради епидемиолошки мерки, па сега на хотелите кои добро работеле им е потребна и државна помош.

Фитнес центрите, кои остануваат затворени, досега загубија најмалку 30 проценти од своите редовни клиенти.Здружението за заштита на доверители проценува дека само благодарение на државната помош, не дошло до банкрот во многу дејности. Сепак, експертите сметаат дека ќе следи пораст на стечајот за 20 до 25 проценти, во споредба со 2019 година.Националната банка на Австрија претпоставува дека покрај државната помош, околу 30.000 компании ќе отидат во стечај до крајот на следната година.