Во Берово измерени -19 степени

0
26

Со измерени – 19 степени Целзиусови, Берово синоќа беше најстуден град во Макдонија

Според УХМР, во Битола и Демир Капија се измерени -15 степени, во Крива Паланка и Струмица -14, во Штип и Маврово -13, во Крушево -12, во Петровец кај Скопје и во Охрид -11, во Претор -10, Тетово -9, Прилеп, Куманово и Виница -8, во Дебар -7, Скопје и Дојран -6 и во Гевгелија се измерени -5 степени.

За денеска, синоптичарите најавуваат сончево и студено време со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0 степени.