Во Бугарија над 200 нови случаи на Ковид-19

383

Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 203 нови случаи на Ковид-19 или стотина повеќе од претходниот ден, а починале уште 9 пациенти.

Од почетокот на пандемијата заразени се 15.589 луѓе, а починале 104. Активни случаи се 4.416, пренесе БТА.

Во болниците моментално се 715 пациенти од кои 64 во тешка состојба.

Според наводите од министерството за здравство, Бугарија се соочува со недостиг на медицински персонал, со оглед дека 849 доктори се заразени со ковид-19.