Во Чешка рекорден број на заразени во еден ден

0
46

Во Чешка, во последните 24 часа се потврдени нови 1.164 случаи на Ковид-19, што е најголем број на случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Како што се наведува, за прв пат од март, во Чешка се регистрирани повеќе од 1.000 случаи на коронавирус за еден ден, пренесува Ројтерс.

Се додава дека и покрај големиот број новозаразени, Владата на таа земја се обидува да избегне затворање на земјата, како што тоа го стори на почетокот на пандемијата.

Повеќе од 9.200 случаи се водат во моментот како активни, а 30.000 се регистрирани од 3 март – почетокот на пандемијата во Чешка. Над 20.000 лица се излекувани, а починале 441 лице.

Според чешките епидемиолози, Прага е најзагрижувачка, каде што вирусот почнува да се шири од специфични жаришта.

Тековниот развој на епидемијата во Чешка, Светската здравствена организација во вторникот го нарече алармантен, бидејќи во земјата во последните 14 дена забележано е зголемување на позитивните случаи за повеќе од 75 проценти во споредба со претходните две недели.