Во четири скопски општини има по повеќе од 100 заразени лица од коронавирус

0
302

Во моментот четири скопски општини имаат над 100 активни случаи на заразени од коронавирус.

Најмногу заразени има во Чаир (152), Аеродром (132), Карпош (108) и Гази Баба (103).

Зад нив се Центар и Кисела Вода со 98 и 96 активни случаи. Во Шуто Оризари коронавирус имаат 81 лице, во Ѓорче Петров заразени се 73 лица, во Бутел – 65, а во Сарај – 44.

Студеничани има 35 активно заразени лица, Арачиново – 19, Илинден – 17, Сопиште – 10, Петровец – 8, Чучер Сандево – 8, Зелениково – 5.

Три лица се водат како странци.

Инаку, од денешните 139 новозаразени, 30 лица се од главниот град. Во моментот Скопје има 1.057 активно заразени лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментот бројот на активни случаи на целата територија изнесува 3.200 лица.