Во домот на 22-годишен скопјанец пронајден арсенал оружје и муниција

427

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за недовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, според полицијата, во својот дом на улицата Методија Андонов – Ченто во Скопје неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол FEG во калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми, еден пиштол KEL-TEC CNC INC во калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми во калибар 7,5 mmR, 3 куршуми во калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми во калибар 9 мм Para.

Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули. Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник бидејќи тој би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​