Во две контроли вчера биле пронајдени 148 мигранти, еден од возачите ѝ побегнал на полицијата

0
71

Во текот на вчерашниот ден во двe одделни полициски контроли кај Демир Капија и Липково биле пронајдени вкупно 148 мигранти.

Како што информират од МВР, првиот случај бил регистриран околу 8.50 часот утрото кога полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски Споменик кај Демир Капија, сопреле автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишен скопјанец, а веднаш по него било запрено и товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.

Возачот на товарното возило, 37-годишник од Липково, се дал во бегство, но набргу бил пронајден. Во неговото возило биле 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и од Сирија.

Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Подоцна, во 19.10 часот било пријавено дека на местото наречено Врело во село Ваксинце, Липково, било затекнато комбе „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое побегнало, а во возилото биле пронајдени 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и од Палестина.

Мигрантите биле сместени во транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка, а оние од првиот случај се сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.