Во Германија се зголемува бројот на потврдени случаи на коронавирус

0
50

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 1.707 и изнесува 228.621, според денешните податоци на Институтот „Роберт Кох“.

Од коронавирусот починале уште 10 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.253, пренесува „Ројтерс“.

Во Германија биле регистрирани 1.510 случаи на инфекција претходниот ден.

Канцеларката Ангела Меркел ги повика граѓаните да се придржуваат кон воведените правила за борба против коронавирусот, како што е носење маски.