Во Хрватска 1467 нови случаи, починале 33 лица

0
35

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 1.467 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 33 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во земјата има 1513 хоспитализации, од кои 167 се на апарати за дишење. Во моментов во Хрватска има 14.524 активни случаи на Ковид-19, додека во моментот има 29.179 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 572.489 лица, од кои 7803 во последните 24 часа.Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 70.243 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 865 починале. Вкупно оздравеле 54.854 лица, од кои 1.852 во последните 24 часа.