Во Хрватска, 85 новозаразени со коронавирус во изминатиот ден

0
63

Во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на заразени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 1.236.

Меѓу нив, 126 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 11 се на респиратор. Нема починати.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 6.656 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 166 починале, а 5.254 оздравеле.

Во моментов има 4516 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 138.647 лица, од кои 990 во последните 24 часа.