Во Италија рекордни 24.991 новозаразени со коронавирус

0
42

Италија и денес забележа рекорден број на заразени со коронавирус. Земјата регистрираше 24.991 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а 205 лица починаа како резултат на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Ова го сруши вчерашниот црн рекорд кога беа евидентирани 21.994 нови случаи, пренесува Ројтерс.

Вкупно 37.905 лица починаа во Италија од коронавирус, додека досега како позитивни се регистрирани 589.766 случаи.

Северниот регион Ломбардија и натаму е најтешко погоден, со регистрирани 7.558 нови случаи во последните 24 часа, за разлика од вчерашните 5.035.